Лазаревски: Холандија е сосема друг тип на екипа, но имаме шанса за победа



Македонија против Холандија ќе игра за шанса во вториот круг да пренесе повеќе од три бода и на тој начин во продолжението на турнирот да се бори за висок пласман. 
Противникот со кој се соочуваме е сериозен тим, со врвни играчи кои играат во клубови како ПСЖ и Флензбург, а таму не се епизодисти. Македонија си оди по својот пат, има евидентен напредок и сега тоа треба да го преслика и на терен. 

„Малку сме со измешани чувства по натпреварот со Унгарија, имавме и тоа каква шанса да го добиеме тој натпревар. Но, не обрнуваме многу внимание сега на тој натпревар. Следи дуел што тотално ќе се разликува од претходниот. Тоа се играчи со сосема поинава антропологија од унгарскиот тим. Играта ќе ни биде поставена на поинаков начин, од корен ќе ни биде променета. Откако видовме дека можеме да се носиме со многу поквалитетни репрезентации, амбициите ни се на повисоко ниво. Победа за нас би била идеалната цел, а мислам дека е и тоа како остварлива во актуелнава ситуација.
Не би одвојувал дали повеќе ми одговара Холандија или Унгарија на мојот стил на игра, треба само предностите што би ги имал против нив да ги модификувам. Не би преферирал противник, туку треба да се смени начинот на игра.
Дека квалитет поседува оваа репрезентација за да им парира на репрезентациите во првото и второто коло – апсолутно поседува.
Ги цениме многу македонските навивачи кои одвоиле средства и време за да го поминат овој пат и да ни бидат ветер во грб и додатен мотив. Навистина, улогата што тие ја играат на овие натпревари е енормна и препознатливи се по нивната жестина, темелност и љубов кон овој спорт и тоа како ни се од големо значење на секој натпревар како дополнителна мотивација и да имаме што подобар резултат со нивното присуство“, изјави Милан Лазаревски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk