Ненад Костески утре ќе има вжна улога во играта со брзата репрезентација на Холандија. Стил и противник што би требало да му одговараат со оглед на тоа дека исто така се работи за брз играч.
Очекувањата станаа поголеми по дуелот со Унгарија, но не смееме да летнеме многу брзо во облаци, затоа што пред нас е исклучително опасен противник.
„Заврши таа епизода со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги изолиравме за да ги подобриме.
Сега не очекува брза и спремна репрезентација. Ги анализираме, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта.
Унгарија и Холандија се екипи со различни стилови на игра. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ние ќе мораме да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и да вимаваме посебно во враќањето кон својот гол.
Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека од тогаш сме напредувале и индивидуално и тимски и да им дадеме на нашите навивачи уште еднаш шанса да се израдуваат“, изјави Ненад Костески.