Португалска ѕвезда „падна“ на допинг



Португалската репрезентација ќе биде ослабена за тековното Светско првенство затоа што на нивниот искусен централен бек му е забрането да настапува затоа што е позитивен на допинг контрола. 
Постар е датумот на сомнителниот примерок, се работи за контрола извршена за време на ЕХФ Еуро во Германија минатиот јануари, но дури сега е објавен резултатот што ги шокираше Португалците.
Мигуел Мартинс е ракометар на данскиот Алборг каде што дојде од редовите на ПИК Сегед. Претходно за неговите услуги беше заинтересиран и македонскиот Вардар. 

Мартинс вели дека е изненаден од исходот на одлуката, тврди дека нема користено недозволени стимуланси и дека ќе ја докаже својата невиност. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk