Лазаров: Честитки до момците и до навивачите

Ракометната репрезентација има голем напредок и одново ги освои фановите кои и овој пат ја претворија вараждинската арена во црвено-жолта тврдија пред чии ѕидови се искрши и десетина пати поскапата и попозната Унгарија.

Секунди ја делеа Македонија од уште поголема сензација, но во лавината емоции во кои се играше мечот не смееме да заборавиме дека овој тим нема зад себе стотина тешки натпревари и дека во спортот постои данок на неискуство.

“Мора да бидеме задоволни, иако реално пропуштивме победа. Неискуство на нашите играчи, после тајм-аутот не знаеја да влезат во фаул. Се подаваа, го чуваа времето, а кажав точно да се влезе во фаул. Да беше така ќе ја привршевме средбата во наша корист. Можеби и подоцна требаше да викнам тајм-аут но такво беше чувството“ рече Лазаров и продолжи…

“Игравме против петтата селекција на последното ЕП. Страшна репрезентација и јас сум горд на момците, горд сум на цела Македонија и на сите навивачи и на Фалнгата која што беше тука што нѐ поддржаа овде и во Македонија што навиваа за нас. Ни дадоа страшна енергија и се надевам дека ќе прдолжиме така на следните мечеви“, изјави Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk