Велковски: Игравме и за Јовиќ и за нашите фанови

Не и недостасуваа мотиви и емоции на македонската репрезентација на вчерашниот дуел со Унгарија. Одигра голем меч, еден од најдобрите на оваа генерација пред која можеме слободно да кажеме има убава иднина ако остане обединета и единствена како тим. 

„На почеток би сакал да изразам сочувство до семејството на Јовиќ. Сите бевме во шок, потресени… голем дел од оваа репрезентација мина низ неговата школа, во одреден дел го имавме за тренер, јас имав можност да соработувам со него и неодамна. Шокот беше огромен, но дадовме се од себе за да останеме фокусирани. Знаевме дека на трибините ќе има голем број на Македонци, игравме за нив и за Јовиќ. Што се однесува до самиот натпревар, секако дека жалиме што не победивме, но ако некој пред мечот ни понудеше реми со Унгарија, сигурн ќе го прифатевме. Покажавме голема борба, можеби пред крајот во таа борба загубивме глава, но сметам дека целосната слика е крајно позитивна“, истакна Велковски.
„Пред нас е Холандија, мое мислење е дека оваа селекција повеќе ќе ни одговара како стил на игра, пред се бидејќи немаат така физички корпулентни пивоти како што тоа беше случај со Унгарија. Точно е, играат побрзо и тоа би можело да биде проблем, но верувам дека ние ќе подготвиме максимално за она што следи“, порача Мартин Велковски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk