Митревски: Честитки до сите, ова беше голем меч

Македонската репрезентација прераснува во одличен тим. Им требаше време да напредуваат, но брзо стигнаа до нивото да одиграат меч за победа со десетина пати поскапа репрезентација составена од играчи што играат во големи клубови и во Лигата на шампионите. 

„Знаевме како ќе одиграат бевме подготвени. Детали ни фалеа за да победиме. Многу малку ни фалеше. Имавме на неколку пати шанса да направиме повеќе голови разлика, три, четири. Се вратија во игра. Успаавме да се држиме со нив гол за гол. Во последниот период имаше резултатска „клацкалка“ што се вели. Не ја искористивме во наша полза. Не искористивме човек повеќе за два разлика. Ни истрчаа контра напад. Имавме триесетина секунди на крајот во кој можеби не изигравме најдобро, можеби требаше повеќе да ја задржиме топката. Да шутираме, да влеземе во прекршок. Не е ниту важно сега“ – изјави голманот Митревски па додаде.
„Лесно е после меч да се кажува како требало да биде. Честитки за моите соиграчи, за стручниот штаб, за публиката. Нѐ носеа во првиот дел, видовме дека се побројни од Унгарците, мислеа дека ќе играат како да се дома, се случи спротивното, ние се чувствувавме како дома. Освоивме бод, голем. Но, со голема доза на жал, речиси како да сме изгубиле. Се случува ова и на поискусни играчи. Да испуштат водство во клучни моменти, на крајот топката е тркалезна, некогаш ти дава некогаш ти зема.
Целиот овој период откако се собравме, па се до денес, 25 дена сме заедно, знаеме се што пропуштаме, но ова денес беше награда за се. Исцрпувачки е. Играш егал, ваков меч. Секој момент е исцрпувачки на ваков турнир. Следува Холандија, ќе се одмориме, ќе се подготвиме одиме на нов успех.“, вели Митревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk