Серафимов: Бевме на ниво, се боревме еден за друг, тоа е најважно

Македонија и Унгарија ги поделија бодовите на стартот на СП. Македонија беше поблиску до победата, но Унгарија е сериозен тим и успеа во критичните моменти да погоди за реми. 
Мартин Серафимов вака го коментираше мечот: 

Имавме доста време да го спремиме овој натпревар, се подготвуваме за нив од почеток на подготовките. Не можам да кажам дека сум задоволен од резултатот, но не можам да кажам и дека сум разочаран. Нерешено, одиме напред следен меч. Да извадиме максимум и со Холандија, па Гвинеја. Ја напаѓаме втората рунда и таму да видиме.
Да дадеме се од себе.
Не е сеедно, но некој да ни кажеше пред натпревар нерешено, немаше да биде за верување. Не не потценија, тие се искусни, моќни. Реалноста е дека ние бевме на ниво, имавме помош од голмани, нападот супер, одбраната супер и тоа е најбитно за мене.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk