Холандија си поигра со Гвинеја



ХОЛНДИЈА - ГВИНЕЈА  40-23 (21-8)

Репрезентациите на Холандија и Гвинеја го отворија првиот натпреварувачки ден од Светското првенство во Вараждин.
Очекувавме Холандија да биде подобриот тим, а од Гвинеја иако не очекувавме речиси ништо, повторно останавме разочарани. Се работи за исклучително слаба екипа во чии редови отскокнува единствено голманот Рубенс Пјер кој успеа да скроти 11 шутеви на холандските играчи главно од чисти позиции.
Холандија поведе со 10-1 по 10 минути игра и со ова речиси сѐ што треба да се каже да овој меч е кажано. Селекторот Штафан Олсон ги држеше во игра Лук Стеинс и Кај Смитс дваесетина минути, потоа шанса добија други играчи.
Резултатот на полувреме беше 21-8.



Во второто полувреме се играше речиси ревијално, па имаше и повеќе голови и тоа повеќе голови во мрежата на холандските ракометари. Натпреварот и без тоа беше решен во првите десет минути, сѐ друго беше пополнување на статистика. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk