Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски имаше одличен настап на пријателскиот натпревар со Хрватска и го подигна целокупното ниво на македонскиот тим на дуел со противник кој скришум ќе атакува на (нај)висок пласман.
Денеска имаме противник по сила сличен, но натпреварот е официјален и многу важен за добар почеток на првенството.
„Унгарија е навистина силна репрезентација, одлично покриена на сите позиции, со извонреден тандем на пивоти, но и бекови со моќен шут од 9-10 метри. Тие се навистина една комплетна селекција кај која е тешко да најдете слаба точка, но наше е да излеземе и да дадеме се од себе за да им се спротивставиме. Се знае дека сме едни од фаворитите во групата за тие три позиции кои водат во следната фаза, наша желба е ако ни се укаже можност да пренесеме и некој бод во главната рунда, а потоа и да се бориме со останатите ривали за што подобар резултат во Вараждин“, порачува Никола Митревски.