СП 2025: И Норвешка се чуди на данската скапотија

Ракометниот свет следниве две недели ќе биде фокусиран на настаните во Хрватска, Норвешка и Данска. Македонија за среќа на македонските фанови ќе игра во Хрватска. Велиме за среќа на фановите, затоа што информациите од Скандинавијата се дека цените за билетите за натпреварите се астрономски.

Најефетиниот билет за Прелиминарната рунда во Норвешка е 25 евра и тоа се должи на ланските реакции, па затоа годинава имаат повеќе чувство.

Затоа Данците се друга приказна, а нив им се чудат дури и нивните соседи од Норвешка, за која генерално беше резервирано првото место по скапотија. Најефтиниот билет за СП таму е 65 евра. За семејство од четворица тоа се 260 евра. И тоа само за (најефтин) билет, дополнителните трошоци се посебна приказна.

„Каде и да се свртиме гледаме само стари луѓе на трибините. Помладите семејства, особено тие со деца не можат да си дозволат толкави трошоци“, изјавуваа анкетирани граѓани за данските медиуми.

Покрај се, „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг беше распродадена за првиот ден на кој Данска лесно го совлада тимот на Алжир.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk