Македонскиот тим веќе не одбројува денови туку часови до почетокот на првиот натпревар на СП на кој се среќаваме со првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Унгарија.
Иван Џонов како и сите негови репрезентативни колеги е мотивиран и нестрплив по долгите подготовки, мундијалот, конечно, да почне.
„Играме против една од најсилните селекции во светот, репрезентација што е комплетно и врвно покриена на сите позиции. Можам да кажам дека добро ги анализиравме, знаеме што да очекуваме, јасно е дека тие се фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Најважно ќе биде да ја играме нашата игра, да го исполниме она што стручниот штаб ќе го побара од нас, со реализација на тој план би можеле да се надеваме на позитивен резултат ако ни се укаже шанса за такво нешто“, изјави Иван Џонов пред денешниот дуел.