Лазаров: Чема беше играчки „гениј“ а се покажува и како таков тренер

Денешниот дуел на Македонија и Унгарија ќе биде одбелжан и со тренерскиот дуел меѓу Кирил Лазаров и Хозе Марија Родригез Вакеро или скратено „Чема“.
Лазаров и Чема своевремено беа соиграчи во екипата на Сиудад Реал/Атлетико Мадрид, сега прв пат ќе се сретнат на селекторски дуел.
Македонскиот селектор има само комплименти за својот некогашен соиграч, а денешен ривал.

Сум играл со многу средни бекови, во големи клубови, а Чема Родригез ми беше еден од омилените соиграчи – средни бекови. Тој како играч беше ракометар кој играше за левите и десните бекови. Бевме блиски, многу се дружевме и семејно. Имаме многу добри спомени, двапати освојуваме титули, двапати игравме финале на Лигата на шампионите тој како среден, јас како десен бек.
Се видовме, се поздравивме зборувавме за убавите спомени. Како играч беше ракометен гениј, таков се покажува и како тренер. Како среден бек, секогаш има идеи, има креација знае да ги препознае работите и мислам дека Унгарија добива многу со него“, вели Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk