Тажна вест: Почина Александар Јовиќ

Потресна вест го зави македонскиот ракомет во црно утрово. Засекогаш замина Александар Јовиќ, долгогодишен македонски репрезентативец со успешна играчка, а потоа и тренерска кариера. Не издржа срцето на големиот работник. 
Последниот ракометен ангажман на Ацо Јовиќ беше во РК Тинекс Пролет, тим со кој пред само неколку дена ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Александар Јовиќ е роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, БиХ, но најголемите успеси во кариерата ги направи во Македонија, носејќи го дресот на Вардар, Металург, Пелистер…
Неговото име ќе остане засекогаш запишано и во историјата и на Е. Пелистер, откако токму Јовиќ пред две сезони му ја донесе толку посакуваната титула на битолскиот клуб, откако претходно успешно работеше и во втората екипа на „пелистерци“.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk