Австрија остана без Јанко Божовиќ



Репрезентацијата на Австрија која е потенцијален противник на Македонија во Главната рунда од Светското првенство по повредата на нивниот најадобар играч Никола Билик доживеа уште еден голем хендикеп и го загуби и својот најискусен играч.
Поранешниот бек на Металург, Јанко Божовиќ заработи повреда на коленото (менискус на левото колено) поради која останува без настап на Светското првенство.

Неговото место во тимот ќе го заземе 20 годишниот бек на германскиот Потсдам, Николас Полстајнер.

Photo: Granada 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk