Македонските репрезентативци се во својата база во Хрватска од каде што ќе ги координираат сите свои мундијалски активности.
Денеска ја имаа својата прва средба со македонските новинари на која ги кажаа своите ставови пред СП.
Марко Митев, младиот бек од кого многу се очекува вели дека се спремни:
„Со нетрпение го чекаме стартот на Светското првенство. Имавме долго време да се подготвиме и да се посветиме на анализа на првиот противник. Унгарија е фаворит во нашата група, за тоа говорат и нивните резултати од претходните големи натпреварување, ни и составот со кој ќе настапи. Иако сме аутсајдери на овој натпревар, сепак нашата цел е да се надигруваме со Унгарците и трпеливо да ја чекаме нашата шанса.
Ме радува одличната атмосферата во тимот, сите се желни да го дадат максимумот. Ќе го оставиме срцето на теренот, за нас, за Македонија, за сите кои ќе не бодрат во Вараждин и оние пред ТВ-екраните.
Нашата цел е да одиграме цврсто во одбраната, да создадеме што повеќе полуконтри. Мора да бидеме фокусирани сите 60 минути и секако да го испочитуваме договореното“.
Нашата цел е пласман во главната рунда, нема да мислиме само на победа над Гвинеја, туку со ваков менталитет ќе влегуваме на секој меч“, изјави Марко Митев.