Заврши и финалното одбројување пред СП. Вечерва со дуелот меѓу Италија и Тунис почнува 29 Светско првенство во ракомет. Македонија својот прв настап ќе го има утре, во Вараждин против екипата на Унгарија со почеток од 20:30 часот и директен пренос на МТВ.
Македонскиот тим се смести во својата база во Хрватска и е спремна за настап. Дел од амбиентот во нашиот тим пренесува бекот Томислав Јагуриновски.
Атмосферата секогаш е на завидно ниво, сите добро се вклопени и тоа секогаш било наша одлика. Нема голема разлика во нашиот однос и пристап во однос на претходниот ваков собир, а квалитетот и карактерот го покажавме во баражот токму за овој турнир.
Европското првенство е за нијанска поквалитетно од СП бидејќи ракометот е повеќе популарен во Европа, без да го потценувам квалитетот на неевропските репрезентации што ќе учествуваат на СП“, вели леворакиот бек.
„Реалната цел е да се пласираме во втората фаза. Во прилог ни е тоа што три репрезентации продолжуваат, но ќе се обидеме да ја искористиме ако ни се укаже можност да изненадиме некоја од поквалитетните репрезентации. Најважно, како што веќе истакна еден колега е да се вратиме дома како подобар тим отколку што бевме кога доаѓавме наваму.
Желбата да се игра за репрезентацијата е голема, сите знаеме што значи да се игра за националниот тим. Сакаме да го покажеме на дело тоа што го имаме сработено и на крајот на денот да уживаме во настапот на големата сцена“, изјави Јагуриновски.