Македонија со победа над Капе Верде ги заврши подготовките

Македонската ракометна репрезентација со победа од 27-26 (14-15) над репрезентацијата на Капе Верде го заврши подготвителниот период пред настапот на Светското првенство што почнува во вторник.

Ова беше последната проверка на избраните ракометари, претходно во новата година одигравме и со тимот на Сесвете и со репрезентацијата на Хрватска.
Селекторот Кирил Лазаров сега би требало да ја има конечната слика за нашиот тим и да спреми тактика за натпреварот со Унгарија.
Тоа ќе биде првиот меч за Македонија на СП, а ќе се игра во среда (15 јануари) во Вараждин со почеток од 20:30 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk