Капе Верде е последниот тест за Македонија пред СП

Со натпреварот против екипата на Капе Верде, репрезентацијата на Македонија денеска ќе ги заврши подготовките за настап на 29 Светско првенство во ракомет што почнува во вторник, а Македонија својот прв меч ќе го игра во среда против Унгарија (20:30 часот).

Нашиот денешен противник, е една од непријатните африкански репрезентации. Капе Верде (Кабо Верде, Зеленортски острови, Република Зелен Рт) е репрезентација составена од ракометари кои играат во Европа. Португалија, Шпанија и Франција се земјите од каде што доаѓаат овие ракометари.
Тие до 1974 беа дел од Португалија, а своето деби на мундијалите како самостојна земја го имаа во 2021 во Египет. Таму во првото коло беа поразени од Унгарија, а потоа се повлекоа од турнирот затоа што имаа премногу играчи заразени со Ковид.

Одново на СП ги видовме во Полска/Шведска каде што ја минаа групата благодарение на победата над Уругвај. Потоа загубија од Бразил само со два гола разлика и беа совладани од Шведска. Во главната рунда ги загубија сите три меча на кои играа со Унгарија, Исланд и Португалија.

Капе Верде ќе треба на селекторот Кирил Лазаров и на македонските репрезентативци да им го долови впечатокот на играње против екипа од Африка што треба да ни користи за дуелот од последното коло во кое се среќаваме со Гвинеја.

Средбата ќе се игра со почеток од 18:00 часот, тоа ќе биде тренинг натпревар од кој нема да има тв пренос или линк за следење на натпреварот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk