Македонската машка сениорска репрезентација во среда го почнува настапот на Светското првенство што прв пат ќе се одржи во три држави, а коалицијата географски неприродна, ја сочинуваат Хрватска, Норвешка и Данска.
За македонскиот тим ова е настап на на седмо Светско првенство по ред, од вкупно девет учества.
Приказната почна во 1999 кога последен пат во летен период се играше Светското првенство. Македонија на клупата предводена од Стевче Стефановски и Драган Нишевиќ, со искусни ракометари како Пепи Манасков, Шандор Ходик... и Кирил Лазаров како дебитант играше во група со Египет, Бразил, Куба, Германија и С. Арабија. Ја совладавме единствено С. Арабија и се пласиравме на 18 место.
По ова, за плсман на СП 2001 Франција, одиграме малерозен двомеч со репрезентацијата на Израел и бевме елиминирни. Со тоа го загубивме местото во првиот шешир и тоа беше вовед во пост што траеше 10 години сѐ до 2008 година кога, конечно, го елиминиравме фамозниот Исланд и се пласиравме на СП 2009 во Хрватска, каде што почна новата ера во македонската репрезентација.
Потоа имавме уште еден „кикс“ во квалификациите за СП 2011, но овој пат брзо се врати нашата екипа во игра и од 2013 досега нема пропуштено настап на мундијал.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Марко Кизиќ, Иван Галевски
ЛЕВИ КРИЛА: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов
ЛЕВИ БЕКОВИ: Павле Атанасијевиќ, Филип Кузмановски
СРЕДНИ БЕКОВИ: Марко Митев, Игор Ѓоргиев
ДЕСНИ БЕКОВИ: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Александар Петковски
ПИКЕРИ: Милан Лазаревски, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис
ГРУПИ НА СП 2025
ГРУПА „А“ - Германија, Чешка, Полска, Швајцарија (Данска, Хернинг) - Главна група 1
ГРУПА „Б“ - Данска, Италија, Алжир, Тунис (Данска, Хернинг) - Главна група 1
ГРУПА „Ц“ - Франција, Австрија, Катар, Кувајт (Пореч, Хрватска) - Главна група 2
ГРУПА „Д“ - Унгарија, Холандија, МАКЕДОНИЈА, Гвинеја (Вараждин, Хрватска) - Главна група 2
ГРУПА „Е“ - Норвешка, Португалија, Бразил, САД (Осло, Норвешка) - Главна група 3
ГРУПА „Ф“ - Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле (Осло, Норвешка) - Главна група 3
ГРУПА „Г“ - Словенија, Исланд, Куба, Капе Верде (Загреб, Хрватска) - Главна група 4
ГРУПА „Х“ - Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин (Загреб, Хрватска) - Главна група 4
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
15.01.2025
МАКЕДОНИЈА - УНГАРИЈА (20:30ч)
ХОЛАНДИЈА - ГВИНЕЈА (18:00ч)
17.01.2025
МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА (18:00ч)
УНГАРИЈА - ГВИНЕЈА (20:30ч)
19.01.2025
МАКЕДОНИЈА - ГВИНЕЈА (18:00ч)
ХОЛАНДИЈА - УНГАРИЈА (20:30ч)
КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ?
Македонската телевизија (МТВ) директно ќе пренесува натпревари од Светското првенство.
ДОСЕГАШНИ ПЛАСМАНИ НА МАКЕДОНИЈА НА СП
СП 1999 Египет – 18 место
СП 2009 Хрватска – 11 место
СП 2013 Шпанија – 14 место
СП 2015 Катар – 9 место
СП 2017 Франција – 15 место
СП 2019 Германија – 15 место
СП 2021 Египет – 23 место
СП 2023 Полска/Шведска – 27 место
ДОСЕГАШНИ СЕЛЕКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА НА СП
СП 1999 Египет – Стевче Стефановски
СП 2009 Хрватска – Илија Темелковски
СП 2013 Шпанија – Звонко Шундовски
СП 2015 Катар – Ивица Обрван
СП 2017 Франција – Лино Червар
СП 2019 Германија – Раул Гонзалес
СП 2021 Египет – Данило Брестовац
СП 2023 Полска/Шведска – Кирил Лазаров
СП 2025 Хрватска/Данска/Норвешка – Кирил Лазаров
Имајте предвид: Во досегашните настапи неколкупати се менуваше системот на натпреварување и начинот на кој се распределуваа местата на СП, па за истоветен пласман во 1/8 финалето, конечното место беше различно.
Имајте предвид: Македонија до 1990 година беше рамноправен дел од репрезентацијата на СФР Југославија која на Светските првенства има освоено 1 златен медал, 1 сребрен медал, 2 бронзени медали и по еднаш била пласирана на 4, 5, 6, 7, 8 и 9 место.
Ако не знаевте: Кирил Лазаров е најдобриот стрелец на Македонија на досегашните настапи на СП. Тој е рекородер во светски рамки со 92 постигнати голови на едно СП (2009 Хрватска), а заедно со Кореецот Јон Кјун Шин се единствените голгетери кои повеќе од еднаш биле најдобри стрелци на СП.
Кирил Лазаров беше најдобар стрелец на СП 2009 и на СП 2017.
Поврзани вести