Хрватска лекција за Словенците, голеада на Франција

По жестокиот дуел на Словенија со Катар и неубедливата претстава на Хрватска против Македонија, синоќа се одигра и контролен меч меѓу Хрватска и Словенија на кој се очекуваше уште еден жесток меч. 
За жал на неутралните љубители, такво нешто не видовме. Хрватска имаше силен старт, поведе со 8-3, по што Словенците се „откажаа“ од бркање на резултатот и до крајот на средбата гледавме комплетна доминација на избраниците на Дагур Сигурдсон. Хрватска во одредени делници водеше и со 10 гола разлика, а Словенија само на моменти ќе одиграше добра акција со која ќе покажеше дека е тим што знае да игра ракомет, иако синоќа не беа многу заинтересирани тоа да го докажуваат, па прилично го расипаа натпреварот. 
Франција, пак, одигра меч со Португалија на кој беа постигнати 82 гола. Конечниот резултат е 44-38, a конечниот список на репрезентацијата на Франција со која очекуваме да се сретнеме во вториот дел ќе биде објавен денеска. 

ДЕНЕСКА
16:00  Шведска - Исланд
16:20  Германија - Бразил

РЕЗУЛТАТИ 10 ЈАНУАРИ
Австрија – Јапонија  27-28
Унгарија – Србија 28-23
Романија – Египет 30-33
Шпанија – Словачка 34-30
Хрватска – Словенија 33-25
Полска – Тунис 33-24
Франција – Португалија 44-38
Данска - Бахреин  39-20

РЕЗУЛТАТИ 9 ЈАНУАРИ
Австрија – Тунис 32-30
Норвешка – Романија 37-26
Германија – Бразил 32-25
Шведска – Исланд 31-31
Португалија - Чешка 32-31
Словачка - Аргентина 26-30
Полска - Јапонија 30-29
Данска – Бахреин 33-17

РЕЗУЛТАТИ 8 ЈАНУАРИ
Јапонија - Тунис 34-33
Србија - Унгарија 31-31
Египет - Норвешка 29:33
Франција - Чешка 37-28
Шпанија - Аргентина 32-18
Хрватска - Македонија 27-25
Полска - Австрија 31-19


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk