Џонов: Навивачите ќе ни бидат мотив плус

На прсти на една рака се бројат деновите до почетокот на 29 Светско првенство што ќе се одржува за прв пат во три држави, а коалицијатаја сочинуваат Хрватска, Данска и Норвешка. 
Македонската репрезентација веќе е во Хрватска каде што одигра два контролни натпревари, а до преселбата во базата за СП во Вараждин ќе одигра уште еден тренинг меч. 

„Подготвени сме за сите предизвици. И пласманот на ова СП е голем успех, но верувам дека искуствата од претходните големи натпреварувања ќе ни бидат од голема помош. Лани игравме против гиганти како Франција и Германија, знаеме како е да се игра со врвни селекции, а тие дуели само ќе ни дадат уште поголема сигурност и самодоверба со ривалите што ќе ги сретнеме во Вараждин.
Холандија и Унгарија се дел од најдобрите селекции на овој шампионат, а за нас тоа ќе биде уште поголем мотив за надигрување. Едно е сигурно, нема да се предадеме, планот е со борбена, сконцентрирана и фокусирана игра да стигне до позитивен резултат на овој мундијал“, вели Иван Џонов кој ќе има шанса да ја тестира својата универзална игра.

„Повеќе од јасно, за добар резултат ќе биде потребна и помош од трибините, нешто што досега не било проблем кога Македонија игра на светските и на европските шампионати што се одржуваа во Хрватска.
Таа поддршка од трибините ќе ни значи многу. Знам дека многу Македонци планираат да дојдат и да навиваат за нас, од срце сме им благодарни. Тие ќе ни дадат дополнителна сила и енергија на теренот, а знаеме дека можеме да им се оддолжиме само со максимална ангажираност и борба, која ќе ни донесе и резултат каков што сите заедно посакуваме“, вели Џонов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk