Уште еден успешен тест на Македонија

Македонската сениорска репрезентација денеска имаше натпревар од затворен тип против хрватската екипа МРК Сесвете предводена од понатиот хрватски ас Игор Вори. 
Успешна беше резултатски оваа контрола за мак тимот, запишана е победа од 42-28 (18-12). 
Задутре, Македонија ќе одигра уште еден, последен подготвителен меч пред почетокот на СП, а противник ќе ни биде екипата на Капе Верде (Република Зелен Рт). 

Во првото коло од СП што ќе се одигра во среда, Македонија ќе се сретне со репрезентацијата на Унгарија која вечерва лесно ја совлада Србија со резултат 28-23. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk