Унгарија лесно на крај со Србија

Репрезентациите на Унгарија и на Србија го одиграа и вториот меѓусебен контролен натпревар. По мечот во Сомбор што заврши 31-31, овие два тима се сретнаа во Сегед, на натпревар на кој видовме сосема поинаков однос на силите.
Унгарија запиша победа од 28-23 (15-8). Цел меч Унгарците имаа контрола, а на десетина минути до крајот водеа со 23-16 и имаа контра напад. Тој напад заврши со одбрана на српскиот голман, по што следеше поголемо опуштање во кое Србија намали на 19-23, но брзо ја вратија комотната разлика унгарските ракометари откако Чема Родригез ги повика на тајм аут. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk