Македонија денеска на спаринг со Сесвете

Македонската репрезентација денеска ќе го одигра вториот контролен натпревар во новата година. Со почеток од 18:00 часот, македонските ракометари ќе се тестираат со хрватската екипа РК Сесвете каде што тренер е прославениот хрватски ас Игор Вори.

Овој меч ќе биде од затворен тип и не е предвидено да има каков било пренос.

Македонската репрезентација во пресрет на СП, пред два дена играше ревијален меч во Вараждин со соодвентиот тим на Хрватска, а до почетокот на мундијалот, задутре ќе одигра уште еден тренинг натпревар на кој противник ќе ни биде репрезентацијата на Капе Верде или Република Зелен Рт.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk