Шведска го „губи“ и вториот пикер пред СП

photo: Telekom Veszprem

Шведскиот пикер Макс Дарј го повреди коленото на контролниот натпревар што Швеѓаните го играа со Исланд и заврши без победник (31-31). Ова е втор пикер од првиот избор на селекторот Михаел Апелгрин, претхнодно исто така поради повреда отпадна Оскар Бергендал.
Макс Дарј ќе мора денеска да биде снимен со магнет па потоа ќе се одлучи што и како понатаму, а селекторот на губеше време и го повика познатиот Андреас Нилсон кој донеодамна играше за екипата на Веспрем, а по 10 години минати во Унгарија се врати во својата земја и сега игра за екипата на Онеред.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk