Ја напуштија лигата среде првенство!

Романскиот женски клуб, Глорија Бузау денеска ја информираше јавноста дека се повлекува од натпреварувањето најсилната романска лига и младинските категории. Клубот во иднина ќе работи само со пионерските екипи, составени со дечиња од градот.
Во клупското соопштение, рестрикциите во буџетот во новата фискална година се подвлечени како примарната прична што клубот среде првенство истапува од Лигата, но во позадина е и големото незадоволство од резултатите на екипата.
Глорија Бузау, инаку е клуб што имаше буџет од „ситни“ 2.5 милиони евра по сезона. Предводени од францускиот тренер Пабло Морел и со белоруски, турски, хрватски, француски и унгарски играчи во составот се на 11 место со само девет освоени бодови и им се закануваше борба за опстанок.
Но, сега со еден потег ги „решија“ сите проблеми.
Во оваа екипа во 2020 играа и две македонски ракометарки, Марија Штериова и Елена Ливриниќ.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk