-
12.01.2025
-
Вести, Актуелно
Тешки сезони, згуснати распореди, жестоки натпревари и многу малку време за одмор се ракометното секојдневие на врвните играчи. Повредите се дел од приказната, односите играч-селектор, формата, промената на генерации, тактичките замисли... Сите овие елементи влијаат на тоа на најголемите настани да има бројни ѕвезди кои од разни причини нема да бидат дел од настанот.
Светското првенство 2025 изобилува со отсуства. Првенствено мораме да ги споменеме ракометарите кои сезонава ја завршија кариерата, комплетно или само за репрезентацијата сеедно. Прв пат големи настани ќе се играат без Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Никлас Ландин, Џуан Кањељас, Хорхе Македа, Хендрик Пекелер, Винсен Жерар, Енди Шмит, Валентин Порт, Штефан Вајнхолд.
Тоа се играчите кои веќе го одиграа своето на големите репрезентативни настани.
Издвоивме уште 20 добро познати имиња кои поради повреди или одлука на селекторите нема да бидат на тековното СП, а на овој список немавме место за Шуици Јошида, Мадс Хоксер, Симон Сичко, Себастијан Хејман, Жилберто Дуарте, Матеј Габер, Дејан Бомбач, Јуре Доленец.... Составивме и Топ 5 список на кој се ракометари кои се тркаа(т) со времето и прашање е дали, колку и како ќе играат.
ТОП 20 ИГРАЧИ КОИ ГО ПРОПУШТААТ СП
Тимоти Н’Гесан Франција
Никола Билик Австрија
Косуке Јасухира Јапонија
Пабло Симонет Аргентина
Диего Симонет Аргентина
Јахија Елдера Египет
Игор Карачиќ Хрватска
Оскар Бергендал Шведска
Омар Инги Магнусон Исланд
Харалд Рајнкинд Норвешка
Феликс Клар Шведска
Иго Деска - Франција
Матеј Клима - Чешка
Хасан Кадах - Египет
Матеј Мандиќ Хрватска
Родриго Коралес Шпанија
Рожерио Мораеш Бразил
Јанис Лене Франција
Мануел Зендер Швајцарија
Јаник Колбахер Германија
ТОП 5 РЕКОВАЛЕСЦЕНТИ
Дика Мем - Франција
Елохим Пранди – Франција
Арон Палмарсон – Исланд
Лука Циндриќ – Хрватска
Давид Мандиќ - Хрватска
Поврзани вести