Норвежанец ќе ја води Србија?

Поранешниот ракометен тренер и аналитичар од Норвешка, Бент Дал неофицијално е тренерот кој има најголеми шанси да биде новиот селектор на женската репрезентација на Србија.

Норвежанецот во тренерски води е од 2007, а во посериозен проект влезе во 2015 како селектор на Италија каде се задржа една година. Потоа како асистент тренер продолжи во унгарскиот Шофок, каде што стана и прв тренер во 2020. Потоа ја водеше екипата на Влчеа, а потоа и женската репрезентација на Чешка.

Србија, која неколку години беше под водство на Урош Брегар, по ЕП 2024 се раздели со Словенецот што беше одбележано со враќање во репрезентацијата на Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и веројатно на Катарина Томашевиќ, е во потрага по нов селектор.








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk