Хрватите се извинуваа, Циндриќ неизвесен за СП?

Пријателскиот дуел меѓу Македонија и Хрватска ги разбуди страстите и кај домашната репрезентација која за разлика од некои не толку дамнешни времиња кога и финале им беше малку, годинава како домаќини на СП и со најскап селектор во нивната историја, практично и не се гледаат меѓу првите четири.
По натпреварот со Македонија што неубедливо го добија со два гола разлика, беа самокритични и се извинија на публиката.
„Не бевме добри. Им се извинувам на навивачите. Се надевам дека ќе им возвратиме на најдобар начин“, изјави Звонимир Срна.
Хрватска на овој меч настапи без десниот бек Кларица и без поранешниот играч на Металург и Вардар, Лука Циндриќ. Кларица е болен и поради тоа не беше во тимот, но загрижувачка за Хрватите е изјавата на селекторот Дагур Сигурдсон за состојбата на Лука Циндриќ.
„Победата е ОК, но играта во нападот беше многу лоша, а изборот на шутеви катастрофален. Кларица е болен, но тој и Граховац ќе бидат во составот за следниот меч, а Циндриќ нема. Тој од половината на декември нема посериозен тренинг и прашање е дали ќе биде спремен. Тоа допрва треба да го видиме. Ова генерално не изгледаше добро, многу работи треба да се поправат“, изјави Сигурдсон.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk