Македонија води на полувреме на пријателскиот натпревар со Хрватска што се игра во Вараждин, пред полна сала.
По 30 минути игра, македонскиот состав има 14-13.
Лазаров го почна мечот со Митревски на голот, Кузмановски, Митев и Велковски на бековските позиции, Атанасијевиќ и Костески како крила и Милан Лазаревски на линијата. Оваа формација беше актуелна во првите 15 минути игра во кои еднаш поведовме (3-2), а другиот дел беше главно игра гол за гол во која Македонија успеваше да одговори и израмни на секое водство на Хрватска. Нашиот тим во овој период го принуди противникот да се „откаже“ од колективната игра и индивидуално да ги решава нападите. Имаа филигрантска поддршка од судиите, барем во делот со пасивната игра, но тоа не го одреди или смени текот на натпреварот.
По 15 минута, почнаа ротации во двата тима, при што одбраната на нашиот тим веќе не беше толку сигурна, а промените се пресликаа и во нападот, по што Хрватите за прв пат стигнаа и до плис два гола (7-5). Во два напада Македонија се обиде и со 7 на 6 варијанта, но тоа можеше да биде погубно. Брзо се откажа Лазаров од идејата, а Хрватска поведе со 9-6.
Времето за прилагодување на нападот истече, Павле Атанасијевиќ извади два мајсторски шутеви, а за целото време, Никола Митревски беше силна поддршка на голот, имаше 8 одбрани и беше творецот на пресвртот што следеше во последните пет минути од мечот.
Џонов од контранапад израмни на 11-11, потоа имавме пенал за водство, но Кузмановиќ го прочита Кузмановски, за конечно во последниот напад за стигнеме до 14-13.
Поврзани вести