Србија и Унгарија одиграа без победник

Репрезентациите на Унгарија и Србија одиграа денеска контролен натпревар во Србија што заврши без победник 31-31 (16-15).
Мечот резултатски беше доста интересен за следење. Првиот противник на Македонија на СП, репрезентацијата на Унгарија прва презема иницијатива, диктираше ритам и водеше во првиот дел, но запре, па на полувреме беше во минус од еден гол. Слично беше и во второто полувреме, Србија водеше до 50 минута, а потоа Унгарија направи пресврт, стигна до плус два гола, што на крајот се покажа доволно за реми.

Србија прецизно кажано ја искористи предноста на домашниот терен плус поддршката од публиката за да стигне до ова реми. Домашниот тим, да ја искористиме флоскулата, беше екипата што повеќе ја посакуваше победата и помалку тактизираше. Тоа е разбирливо затоа што тие нема да играат на СП и немаше зошто да се чуваат или да тактизираат.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk