Се повреди и Палмарсон

Нагло спласна исландската еуфорија по враќањето на Арон Палмарсон на големата сцена, прво во дресот на Веспрем, а сега и во репрезентацијата што ќе игра на СП.
Арон Палмарсон се повреди и нема да биде спремен за игра во Прелиминарната рунда. Најдобриот исландски играч во последната деценија има проблем со листот на ногата поради која ќе ги пропушти воведните натпревари од мундијалот.
Исланд на претстојниот мунидијал нема да може да смета ниту на Омар Инги Магнусон, еден од најдобрите бекови во моментов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk