Данска ќе бара нов селектор

Foto: FTC/Fradi.hu

Женската репрезентација на Данска летово ќе остане без селекторот Jеспер Јенсен кој по пет години на кормилото на репрезентацијата освои две бронзи од СП, една бронза од ОИ и две сребра од ЕП.
Данците не се среќни поради неговата одлука да се повлече, имаше поголеми планови со 47 годишниот стратег, но планови за него очигледно има и унгарскиот ФТЦ Ференцварош.
ФТЦ минатата година под водство на Алан Хеине, не многу познато тренерско име од Данска, по 27 години го освои Купот и Првенството на Унгарија. Но, Хеине на лето заминува. Ќе го одработи својот двегодишен договор и од семејни причини се враќа во Данска, не сакаше продолжување на договорот.
Со тоа се склопија сите коцки, за шпекулацијата што кружи неколку месеци, дека Јенсен ќе ја остави Данска за да биде тренер на ФТЦ да биде реализирана.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk