Фото: RZS
Главна тема од дуелот меѓу поранешниот и актуелниот селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ и Урош Зорман, пресликан во пријателскиот натпревар меѓу Катар и Словенија е мешаницата која можеше да прерасне во масовна тепачка меѓу играчите на теренот.
Уште на почетокот да нагласиме, дека Веселин Вујовиќ и Урош Зорман не беа ниту иницијатори ниту пак дел од инциденот. За тоа се погржија најдобриот катарски играч Франкис Марзо и крилото на Барса, Блаж Јанц.
Мечот беше доста агресивен, што не приличи на пријателски меч, а набојот беше голем како што и двата тима не отстапуваа од силните дуели.
Во второто полувреме, поточно во 53 минута, словенечката зона жестоко го приземји Франкис Марзо, кој лежејќи неспортски реагираше и го удри со нога во предел на стомакот Блаж Јанц. По ова настана мала мешаница која прерасна во поголема гужва откако сите словенечки ракометари од клупата се стрчаа на терен да се објаснуваат со Кубанецот кој има катарски пасош.
Имаше влечење, држење, пцуење и викање, но се смирија страстите без поголеми последици по кого било.
Францис Марзо беше казнет со син картон, Блаж Јанц доби две минути исклучување како епилог.
Натпреварот заврши со победа на Словенија од 38-30.