Богат ракометен ден, што сѐ ќе може да гледате

Последната фаза од подготовките на репрезентациите за настапот на Светското првенство е во полн ек. Завршија физичките и тренажните подготовки, сега се на ред пријателските натпревари на кои ќе се растрчаат тимовите, ќе се пробаат последните комбинации и следната недела ќе почне големото шоу.
Денеска има богата програма, меѓудругото ќе може да се гледаат во живо и репрезентациите на Унгарија против која играме во првото коло. Тие ќе играат со Србија, а ќе има ТВ пренос, потоа ќе може да се гледа и Франција со која очекуваме да вкрстиме во Главната рунда, исто како и со репрезентацијата на Австрија. 


ДЕНЕСКА
17:30  Јапонија - Тунис
17:30  Србија - Унгарија (РТС 2/срб, М4/унг)
18:00  Египет - Норвешка (VGTV/нор)
19:15  Франција - Чешка (L'Equipe channel/фра)
20:00  Шпанија - Аргентина
20:15  Хрватска - Македонија (RTL 2/хрв)
20:30  Полска - Австрија (TVP/пол)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk