Охрид го промовираше бразилското засилување

ГРК Охрид денеска го промовираше (најавеното) засилување на позицијата десен бек за пролетниот дел од сезоната.
Бразилецот Де Соуза Мораис Кајо Винициус (22) е новото засилување на ГРК Охрид.
Бразилскиот младински репрезентативец игра на позицијата десен бек и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку 1.5 година. Македонската јавност веќе имаше шанса да го запознае Винисиус кој досега го носеше дресот на МРК Куманово и таму имаше неколку партии со двоцифрено постигнати позиции што му го донесоа овој трансфер.
„Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“ - изјави Винисиус за клупските социјални мрежи.
Кумановци, пак, по заминувањето на Винисиус, доведоа уште три бразилски играчи и станаа првата бразилска мини колонија на Балканот.

Фото: ГРК Охрид

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk