Хрватска - Македонија, каде да гледате?

Македонската сениорска репрезентација вечерва ќе ја има генералната проба пред настапот на Светското првенство што следната недела почнува во Хрватска, Данска и Норвешка. 
Нашиот најдобар тим замина за Хрватска каде што вечерва ќе го почувствува теренот во вараждинската „Арена“ на натпревар со домашната репрезентација. 
Почетокот на натпреварот е закажан за 20:15 часот, а директен тв пренос ќе има на хрватскиот канал РТЛ 2. 

Македонија со 19 ракометари замина за Хрватска, денеска можеби ќе имаме појасна слика за тоа кои се тројцата играчи што нема да бидат во ростерот на првиот меч, иако ова е само пријателски меч што се игра на пет дена со стартот на СП и не е за очекување да го видиме најдоброто издание од двата тима. Мошне веројатно ќе сведочиме на тактизирање, резервираност во дуелите и сѐ друго што оди во пакетот на толку малку денови пред стартот на СП. 

Мундијалот за Македонија почнува на 15 јануари со натпревар против репрезентацијата на Унгарија (20:30ч), а потоа во Прелиминарната рунда ќе играме уште и со Холандија на 17 јануари (18:00ч) и со Гвинеја на 19 јануари (18:00ч). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk