Кое е новото работно место на Никола Карабатиќ?

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Французинот со српско-хрватско потекло Никола Карабатиќ, ја заврши ракометната кариера на Олимписките игри одржани летово во Париз. Најавеното пензионирање беше логично следено со прашањата од тип „што после ракометната кариера“. Тренер, менаџер... било што од каде што добро препознатливото лице маркетиншки може да биде искористено во повеќе сфери. 

Кое е новото работно место на Никола Карабатиќ? 
Според денешните медиумски објави тој ќе биде професионално ангажиран во улога на амбасадор во медиумскиот BeInSport. И тоа не само во ракометот, каде што ќе го гледаме уште од следната недела, туку ќе биде амбасадор и на настани од други спортови како тенискиот Вимблдон, потоа НБА Финална серија, Супер Боул... 

Photo: PSG Handball

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk