Почна од Битола, стигна до ПСЖ

Долго се чекаше на официјализацијата на трансферот на хрватскиот десен бек Матео Мараш од Татабања во Пари Сен Жермен, за конечно, новогодишно парискиот клуб да потвди дека овој 203 сантиметри висок леворак бек следната сезона ќе биде дел од тимот што го склопува и ќе го води данскиот тренер Стефан Мадсен.

Матео Мараш е 24 годишен бек кој професионалната кариера ја почна во Битола. Во 2020 година како позајмен играч од Ракометната школа Балиќ/Метличиќ пристигна во Е. Пелистер, потоа потпиша и комплетен договор, а во 2022 заедно со уште неколку играчи (Периќ, Секели...) се пресели во Унгарија во екипата на Татабања од каде што ќе фати пат кон градот на светлината и според договорот е предвидено таму да остане најмалку до 2027.

Паралелно, ПСЖ објави уште еден трансфер, а тоа е доаѓањето на десното крило Себастијан Карлсон. Шведскиот ракометар во моментов е дел од екипата на Монпеље.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk