Веспрем нуди богатство за Лене

Photo credit: Harpagornis/Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Унгарскиот шампион Веспрем одново е во центарот на шпекулациите и одново се работи за трансфер на врвен играч проследен со богата отштета. 
Јанис Лене, десното крило на Монпеље, порано играч на Барса и Екс Прованс наводно е таргетиран од Веспрем кој за неговиот трансфер е неофицијално подготвен да плати сума од 300.000 евра и да му ја „дуплира“ платата што во моментов ја добива во францускиот клуб. 
Јанис Лене (28) во моментов е повреден, има проблеми со половината и прашање е дали ќе биде дел од репрезентацијата на Франција на претстојното Светско првенство. 
Веспрем, пак, во моментов на позицијата десно крило ги има Гаспер Маргуч од Словенија и Микита Вајлупов од Белорусија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk