Во Барса светна зелено: Дика Мем ќе игра на СП 2025

Photo: FC Barcelona

Докторскиот тим на Барса му даде дозвола на капитенот на француската репрезентација Дика Мем да настапи на Светското првенство што почнува другата недела и за прв пат ќе биде организирано во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка.
Десниот бек на Барса се повреди во ноември минатата година, го дислоцираше десното, нешутерско раме и докторите воопшто не беа оптимисти околу неговото враќање на терен навреме. Тој беше опериран на 20 ноември и предивдената пауза беше два до два до три месеци. Но, Мем успеа да се врати малку побрзо од очекуваното и ќе биде во составот.

Но, селекторот Гијом Жил беше упорен и не се откажа од Дика Мем, патем нити од Елоим Пранди и ја чекаше последната докторска препорака.
Барса потврди дека Дика Мем има зелено светло, но останува фактот дека речиси два месеца нема играно ракомет и директно ќе излезе на жешка сцена.
Франција во Главната рунда ќе биде противник на Македонија во Вараждин, доколку се оди според планот во Прелиминарниот дел од првенството.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk