Галевски: Чест е што сум тука, ми се остварува детскиот сон

Photo credit: Slavko Kolar/RZS

Продолжува финалното одбројување до почетокот на Светското првенство на кое седми пат по ред ќе настапи и македонската репрезентација.
По втор пат на мундијал ќе играме во Вараждин, трет пат вкупно на големата сцена во овој град од 2009 кога почна подемот на екипата до сегашно време, кога нов подем очекуваат нови момци, предводени од најдобриот македонски ракометар, овој пат во улога на селектор.
Дебитант на СП, прв пат на големата светска сцена ќе биде промовиран младиот голман Иван Галевски. Со настапите во младинските репрезентативни категории и со прикажаното во клубот на најважните натпревари го запиша своето име на списокот на мундијалските патници.

„Чест, задоволство, и привилегија е што сум дел од националниот тим. Сон на секое дете е да игра за репрезентацијата. Годинава ми се оствари сонот, ова ќе ми биде прво големо натпреварување, се борам за секоја минута на теренот и ќе се потрудам да ја оправдам довербата на најдобар начин“,
Ова е спорт, ако проработи македонскиот инает и македонското срце што го имаме, зашто да не се надеваме на позитивен резултат. Најбитно е што ќе имаме навивачи, Фалангата е дополнителен мотив за нас, ветер во грб, осми играч, тие секогаш се тука за нас, несебично ни даваат поддршка кога играме и во странство и на домашен терен. Сигурен сум дека ќе придонесат за добри резултати на репрезентацијата“, вели дебитантот на СП за сениорскиот тим на Македонија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk