Колкава премија ќе добијат ракометарите за секоја победа?

Македонските ракометари ќе настапат на претстојното Светско првенство и ќе играат во Вараждин, град кој буди убави ракометни спомени.
Македонскиот тим е во групата со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја, а реалните очекувања се да ја минеме оваа група и да се пласираме во Главната рунда во која ќе вкрстиме со Франција, Австрија, Катар или Кувајт.
Мотиви за достојно презентирање на државата не недостасуваат а РФМ и Владата на Македонија дополнително ќе ги наградат репрезентативците за секоја остварена победа.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов вети награда од 1.000.000 денари за секоја остварена победа, а премиерот Христијан Мицкоски вети иста таква премија од 1.000.000 денари и од Владата на Македонија за секоја остварена победа.
Така, вкупната премија, засега, изнесува 2.000.000 денари за секоја победа на претстојниот мундијал. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk