Македонска агенција е дел од ракоментниот менаџерски свет во пресрет на Светското првенство кое годинава за првпат се организира во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка. Речиси и да нема ракометна земја чија репрезентација периодов не е активна, без разлика дали нивната репрезентација ќе биде дел од 32-те селекции учесници на мундијалот или игра пријателски натпревари и турнири и тренира тим за следните квалификации.
Учесниците, пак, на мундијалот се во завршната фаза на подготовките и периодов одржуваат форма со пријателски натпревари со други репрезентации од кои голем дел не се европски, но веќе се на стариот континент и се адаптираат на сите услови.
Еден таков пријателски натпревар одиграа репрезентациите на Словенија и на Алжир, натпревар, што се одигра во Умаг.
Непознат податок е дека технички овој натпревар го организираше македонска агенција специјализирана за организација на спортски евенти која е активна на глобално ниво и досега има запишано успешна организација на бројни настани во своето портфолио.
Агенцијата „AGE Sports“ е специјализирана за менаџирање и организација на патувања, логистика, тимски потреби и слично. Сопственици се познати имиња од ракометната сцена, кои бизнисот го продолжија во менаџерските води, Ана Стојков, поранешен оперативен менаџер во ЖРК Вардар и директор во РК Вардар, и Горан Стојков, своевремено тренер во РК Металург и во РК Вардар.
Во пресрет на СП 2025 доби доверба од неколку репрезентации да организира патувања, подготовки и контролни натпревари во Умаг, Хрватска. Тоа се репрезентциите на Алжир, Куба, Бахраин, Катар, Кувајт и Словенија.
„Нашата агенција постои од 2019 година и досега има организирано подготовки за повеќе од 20 репрезентации од целиот свет. Наши клиенти биле Португалија, Чиле, Алжир, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кина, Бразил, Исланд, Велика Британија, Ангола, Бахреин, Гвинеја, Египет итн.
На клупски план, организиравме гостински патувања на голем број елитни клубови во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, меѓудругите и на Пари Сен Жермен, Кил, Флензбург, Порто, РНЛ, Колстад, Келце, потоа организиравме подготовки и натпревари на Ал Ахли од Египет, турнири во сите категории...
Организатори сме и на големиот ракометен настан „Глобален Ракометен Самит“ на кој учесници и говорници биле големи имиња во модерниот ракомет како Роберто Парондо, Тони Херона, Пауло Переира, Драган Ѓукиќ, Лино Червар, Давид Дејвис, Карлос Ортега, Матс Олсон, нашите судии Начевски и Николов и многу други“, вели Горан Стојков.
Фото: АГЕ Спортс