Холандија загуби, но го освои турнирот

Репрезентацијата на Швајцарија ја совлада Холандија (34-33) во последното коло на 51 издание на турнирот „Јелоу Куп“. Швајцарија славеше победа, Холандија која имаше подобра вкупна гол разлика го освои пехарот. 
Третото место на турнирот што беше одбележан со повредата на Мануел Зендер, најдобриот швајцарски играч го освои Италија која во последното коло го совлада Косово 28-25. 

Холандија е противник на Македонија во второто коло на Светското првенство. Тој меч ќе се одигра на 17 јануари во Вараждин со почеток од 18:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk