Светскиот Куп 2025 е првото Светско првенство што ќе се одржува во три држави. Тоа се Хрватска, Норвешка и Данска. Првиот меч ќе се игра на 14 јануари, финалето ќе се игра на 2 февруари.
Мундијалот ќе се игра во вкупно пет сали во трите држави.
САЛИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ИГРА СП 2025:
Јуске Банк Боксен (12.500) - Хернинг, Данска - (Прелиминарна/ Главна Рунда)
Јунити Арена - (15.000) - Осло, Норвешка - (Прелиминарна/Главна Рунда, 1/4, 1/2 финале, Финален викенд)
Арена Загреб - (15.200) - Загреб, Хрватска (Прелиминарна/Главна Рунда, 1/4, 1/2 финале)
Вараждин Арена - (5.200) - Вараждин, Хрватска - (Прелиминарна/ Главна Рунда)
Жатика Арена - (3.700) - Пореч, Хрватска - (Прелиминарна рунда, Президент Куп)
СИСТЕМ ПО КОЈ ЌЕ СЕ ИГРА СП 2025:
Светското првенство по трет пат ќе се игра со 32 репрезентации. Во Прелиминарната рунда се поделени во 8 групи со 4 тима. Во Главната рунда ќе се пласираат по три репрезентации од секоја група, а последнопласираните ќе играат Президент Куп за пласман од 25-32 место.
Во Главната рунда ќе се формираат четири групи со по шест екипи со тоа што екипите ги пренесуваат бодовите од Прелиминарниот дел. Откако ќе се одиграат и следните три натпревари, двете најдобри екипи од четирите групи ќе се пласираат во нокаут фазата односно 1/4 финале.
Г ГРУПИ НА СП 2025
ГРУПА „А“ - Германија, Чешка, Полска, Швајцарија (Данска, Хернинг) - Главна група 1
ГРУПА „Б“ - Данска, Италија, Алжир, Тунис (Данска, Хернинг) - Главна група 1
ГРУПА „Ц“ - Франција, Австрија, Катар, Кувајт (Пореч, Хрватска) - Главна група 2
ГРУПА „Д“ - Унгарија, Холандија, МАКЕДОНИЈА, Гвинеја (Вараждин, Хрватска) - Главна група 2
ГРУПА „Е“ - Норвешка, Португалија, Бразил, САД (Осло, Норвешка) - Главна група 3
ГРУПА „Ф“ - Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле (Осло, Норвешка) - Главна група 3
ГРУПА „Г“ - Словенија, Исланд, Куба, Капе Верде (Загреб, Хрватска) - Главна група 4
ГРУПА „Х“ - Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин (Загреб, Хрватска) - Главна група 4
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
15.01.2025
МАКЕДОНИЈА - УНГАРИЈА (20:30ч)
ХОЛАНДИЈА - ГВИНЕЈА (18:00ч)
17.01.2025
МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА (18:00ч)
УНГАРИЈА - ГВИНЕЈА (20:30ч)
19.01.2025
МАКЕДОНИЈА - ГВИНЕЈА (18:00ч)
ХОЛАНДИЈА - УНГАРИЈА (20:30ч)
КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ?
Македонската телевизија (МТВ) директно ќе пренесува натпревари од Светското првенство.
ФАКТИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ СП
Светскиот првак директно ќе се пласира на Светското првенство што во 2027 година ќе се игра во Германија.
Актуелен светски првак е репрезентацијата на Данска. Таа е единствената репрезентација што победила на три СП по ред (2023, 2021, 2019).
Најуспешна ракометна нација на СП е Франција која има 6 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали.
Најуспешен ракометар е францускиот голман Тјери Омејер со пет златни и 2 бронзени медали.
Рекордер со најмногу постигнати голови на едно СП е македонскиот ас Кирил Лазаров со 92 гола постигнати на Светското првенство во Хрватска во 2009 година.
Кирил Лазаров и Кореецот Кјун Шин Јон се единствените ракометари кои повеќе од еднаш биле најдобри стрелци на СП. Лазаров беше најдобар стрелец на мундијалите во 2009 и 2017, а Кјун Шин Јон на Светските првенства во 1997, 1995, и во 1993 кога го делеше првото место со Марк Баумгартнер и Јозеф Елеш.
На Македонија ова ќе и биде деветтиот настап на СП, седми по ред. Најдобар пласман е 9 место на СП Хрватска 2009.
На последното СП во Шведска и Полска 2023, Македонија играше во Президент Куп и го освои 27 место.
Поврзани вести