Холандија со една рака на пехарот на „Јелоу Куп“

Противникот на Македонија на СП, репрезентацијата на Холандија запиша победа и на вториот натпревар од „Јелоу Куп“, турнир со долга традиција што се одржува во Швајцарија.

Холандскиот состав славеше релативно лесна победа над Италија (31-26), на натпревар на кој селекторите Олсон и Трилини имаа широк простор за тактизирање и кога станува збор за Холандија, речиси и да не ја видовме нивната најсилна (бековска) постава во ист момент на терен.
Веројатно повредата на најдобриот швајцарски ракометар во моментов, Мануел Зендер, во првото коло од турнирот имаше силно влијание врз сите ракометари на „Жолтиот Куп“, па изостанаа силните дуели на следните натпревари и можеби затоа во добар дел ги видовме само подобрите изданија на напаѓачките формации.
Сеедно, Холандија мечот го прекрши по 52 минута, кога Италија при негатива од 24-27 пропушти две шанси за приклучок, па Холанѓаните се одлепија на 29-24 и потоа мечот „ревијално“ беше приведен до крајот.
Денеска Холанѓаните од 17:00 часот ќе играат против домашната Швајцарија која има пораз од Италија и веројатно ќе го освојат овој турнир. 

Македонија и Холандија на СП ќе играат на 17 јануари во Вараждин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk