Бундеслигашкиот првак Магдебург сѐ уште не ја исплатил високата сметка за настапот на неговите играчи на Олимписките игри, каде што го загубија креаторот на играта Феликс Клар, сега ќе плаќа нова висока сметка.
Мануел Зендер, минатата сезона најдобриот стрелец во Бундеслигата, годинава стана член на Магдебург и на првиот натпревар од подготовките за мундијалот во дресот на својата Швајцарија се повреди.
Магнетните снимки покажаа дека се работи за скинат вкрстен и внатрешен лигамент и повреда на менискус.
Ваков тип на повреда вообичаено се третира со операција по која паузата е меѓу шест и девет месеци. Сезоната за Мануел Зендер е завршена, Швајцарија ќе мора на СП без својот најдобар играч.
Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)