​Загреб го продаде Милош Кос

Денеска заврши сагата за суспендираниот српски репрезентативец Милош Кос. Хрватскиот шампион најде клуб кој ги исполни условите за трансфер на десноракиот бек и доби зелено светло да замине.
Тој клуб е Бундеслигашот Ерланген, екипа која е на претпоследното место во Лигата, но неодамна најде спонзор и веднаш почна да се прегрупира играчки во битката за опстанок.
РК Загреб сега ќе ја укине суспензијата за српскиот ракометар, за кој (неофицијално) беа заинтересирани и екипите на Партизан и Војводина.
РК Загреб несомнено ќе ја укине суспензијата и за идниот ракометар на Монпеље, Звонимир Срна кој беше дел од фамозниот инцидент во соблекувалната по мечот со Нант.
Верзијата позната за јавноста е дека голманот Матеј Мандиќ, инаку дотогаш добар пријател на Милош Кос, му пререкол на Кос „нешто“ уште за време и по натпреварот. Кос го удрил, а потоа и самиот бил нападнат од Срна.
Од ударот Мандиќ завршил во болница, ќе го пропушти СП, а Кос беше суспендиран од страна на „победникот“ во овој случај, а тоа е РК Загреб и ставен на трансфер листа со неофицијална сума од околу 200.000 евра отштета. Колку е отштетата за трансферот во Ерланген не е објавено.
Тоа што јавноста можеби некогаш ќе го дознае, а можеби и нема е која е навистина причината поради која Кос го нападнал со таква лутина својот дотогаш најдобар другар од клубот, дали верзијата што ја знеа јавноста е вистинитата, колку пари платиле Германците...

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk