Обрван доби нов договор во Подравка

Поранешниот селектор на машката репрезентација на Македонија, Ивица Обрван гради нова кариера како тренер во женскиот ракомет. 58 годишниот хрватски тренер доби нов двегодишен договор со РК Подравка Вегета каде што е тренер од 2023 година.

Паралелно со Подравка, Обрван е селектор и на женската репрезентација на Хрватска, каде што веројатно ќе остане и во следните две години имајќи предвид дека Подравка и репрезентацијата функционираат речиси како едно, иако слабиот настап на ЕП минатиот месец може да го промени предвидениот тек на настаните.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk